Категорија Новости

Факултетот за музичка уметност – Скопје потпиша меморандум за соработка со ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Оваа соработка отвора нови можности за заеднички активности, проекти и иницијативи. Веруваме дека спојот на музиката и книжевноста ќе создаде уште поубави перспективи за младите таленти и за пошироката заедница. Во рамките на оваа соработка се планираат заеднички концерти, книжевни…

Нашите активности и новитети во библиотеката пред камерите на ,,Ја сакам Македонија”

За богатата програма за деца и возрасни. За новонабавените наслови, како и за старите и популарни цени на нашите услуги. Директорката Снежана Стојчевска разговараше со новинарот Никола Станков. Во текот на разговорот беа истакнати и бројните работилници, читања и настани…

Значењето на книгата низ очите на Лидија, библиотекарка со срце

Нашата драга Лидија, омилената библиотекарка на многу генерации читатели од Аеродром и пошироко минатата недела ја пречека екипата на Канал 5 Телевизија. Со новинарката Бисера Ловачева разговараа за библиотеката „Јане Сандански“ (зад Капитол) и зошто таа е една од најактивните…

Уписи за курсот по англиски јазик во библиотека ,,Другарче”

Останати се само уште неколку празни места!Курсот е наменет за ученици од III до IX одделение.Часовите се одржуваат двапати неделно, во траење од 60 минути, приспособени според училишниот распоред. Програмата е по материјалите на издавачката куќа Hamilton House.Изучувањето на англискиот…

„Три Марии“ (издание на @Ars Lamina) е книга на месецот

Кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори е многу важна барем по две нешта: прво, го сврте вниманието кон нас, македонските автори бидејќи не бевме доволно читани, иако имаме одлична продукција и второ не’ врати нас и нашите дела онаму каде што органски припаѓаме –…

Голема донација на книги од нашите драги пријатели ,,Чудна шума”

24 најнови наслови од нивната продукција, или вкупно 170 нови книги, наскоро ќе бидат достапни за нашите читатели – особено за најмладите. Со оваа донација значително ќе се збогати нашата детска збирка, овозможувајќи им на најмладите да уживаат во нови…