Нашата драга Лидија, омилената библиотекарка на многу генерации читатели од Аеродром и пошироко минатата недела ја пречека екипата на Канал 5 Телевизија. Со новинарката Бисера Ловачева разговараа за библиотеката „Јане Сандански“ (зад Капитол) и зошто таа е една од најактивните скопски библиотеки Лидија со многу љубов говори за значењето на книгата во денешното дигитално време и сосема ненаметливо дава широка препорака за сите генерации. Една убава мисла вели ✍️ „Да се биде библиотекар е да се биде светилник во океанот на информации.“ Во текот на разговорот, Лидија ги истакна и бројните активности на библиотеката – од работилници за деца, средби со писатели, до програми за возрасни читатели – со цел да ги поттикне љубителите на книги да ја откријат магијата на читањето.
Таа потсети дека библиотеката не е само место за книги, туку заедница каде секој може да најде инспирација, знаење и пријатели. Tимот на ГБСК има навистина прекрасни светилници.

