Оваа соработка отвора нови можности за заеднички активности, проекти и иницијативи. Веруваме дека спојот на музиката и книжевноста ќе создаде уште поубави перспективи за младите таленти и за пошироката заедница. Во рамките на оваа соработка се планираат заеднички концерти, книжевни вечери, изложби и креативни работилници, кои ќе им овозможат на младите уметници да ги претстават своите таленти и да соработуваат со автори, музичари и читатели.
Нашата заедничка цел е да поттикнеме креативност, култура и љубов кон уметноста кај младите генерации. Очекуваме плодна, инспиративна и долгорочна соработка, која ќе внесе свежа енергија во културниот живот на градот!

