„Три Марии“ (издание на @Ars Lamina) е книга на месецот

Кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори е многу важна барем по две нешта: прво, го сврте вниманието кон нас, македонските автори бидејќи не бевме доволно читани, иако имаме одлична продукција и второ не’ врати нас и нашите дела онаму каде што органски припаѓаме – во библиотека. Никој нема против ваквите средби и промоции во кафулиња, книжарници и слично, но припадноста во библиотеката е нешто сосема поинакво, природно. Ви честитам на истрајноста.Ова беа првите зборови со кои Оливера Ќорвезироска го започна синоќешниот разговор. Нејзинот роман “Три Марии”, за кој го доби и Рациновото признание, го означи почетокот на 4.циклус од нашата кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.Во текот на вечерта, присутните имаа можност да слушнат за процесот на создавање на романот, инспирациите зад ликовите и предизвиците со кои се соочува еден автор. Беше особено инспиративно да се слушнат искуствата за македонската книжевна сцена и значењето на читателската заедница. Кампањата продолжува со уште многу интересни автори и настани, со цел да ја промовира современата македонска литература и да ги поттикне луѓето да ја откријат убавината на читањето дома, во библиотека и насекаде каде што можат да уживаат во книгите. Разговорот го водеше Александра Јуруковска, а фрагменти читаше актерот Андреј Серафимовски.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *