
✍️ Препорачува: библиотекар Тања Никчевска, библиотека „13 Ноември“ (Дом на културата „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода)
📖 „Париската ќерка“ е длабоко трогателен роман кој ги истражува темите на загубата, љубовта, мајчинството и преживувањето во сенката на Втората светска војна. Авторката ја носи читателската публика во 1939 година, во Париз, каде две американски жени, Елиз Леклер и Жулиет Фулон, формираат нераскинлива врска која ќе биде ставена на тест од ужасите на војната.
Со длабока емоција и историска сила, овој роман го препорачувам на сите љубители на историски фикции и на оние кои сакаат да се потсетат на важноста на љубовта и пријателството во најтешките времиња – пишува нашата колешка Тања Цветкоска Никчевска.
Книгата е достапна во сите библиотеки на ГБСК
