
📚 Издание на Сакам Книги
✍️ Пишува: библиотекар Мартина Никчевска
📖 „Добра и лоша“ е психолошки трилер што не се чита само со очите, туку со срцето. Ако уживате во мистерии што истражуваат човечки емоции, наизглед обични животи и неочекувани врски, тогаш ова е вистинска книга што вреди да се прочита!
Романот се фокусира на теми како што се мајчинството, тајните и моралните дилеми. Книгата започнува со мистериозен настан – пред 20 години е украдено бебе од количка во супермаркет. А што се случило понатаму останува на вас да дознаете со читање на овој прекрасен трилер што ќе ви остане во мислите и откако ќе ја затворите последната страница – препорачува Мартина.
Книгата е достапна во сите библиотеки на ГБСК
