
📚 Издание на Сакам Книги
✍️Препорачува: Емри Емини, библиотекар во матичната библиотека „Цветан Димов“ (зграда на општина Чаир)
📖 „Школа за извонредност“ спаѓа во доменот на популарната психологија, односно водич за личен развој кој дава алатки, знаење и ресурси за остварување на вашиот максимален потенцијал.
Рагбистот Луис Хаус по повредата останува без работа и тој почнува да се контактира со луѓе, посебно со старите тренери, и успева да изгради мултимилионски онлајн бизнис. Истo така, по разговорите со спортски шампиони, бизнисмени и милијардери, Хаус се обидува да открие што е потребно за да бидеме извонредни во животот и тоа на секое поле.
Хаус сфаќа дека овие великани имаат одредени навики и алатки со кои ги надминуваат пречките во животот. Затоа оваа книга е толку потребен прирачник во секојдневниот приватен и професионален живот – пишува нашиот колега Емри.
Книгата е достапна во сите библиотеки на ГБСК
